Видео играта Fallout пристига во нова верзија

Игрите на табла се во пораст. Последните години поради поголемиот интерес од играчите и Kickstarter, за игрите на табла имаат поголем интерес. Ова не остана незабележано и од издавачите на видеоигри кои се обидуваат да освојат и дел од овој пазар.

Последна игра која е најавена, а ќе биде креирана по видеоигра е Fallout. Bethesda најави дека во соработка со Fantasy Flight Games, до крајот на годината ќе излезе Fallout: the Board Game.  Засега нема премногу податоци за играта, но очекуваме првите видеа дa бидат достапни наскоро.

Од тоа малку што може да го видиме се чини дека играта ќе се обиде да биде копија на видеоиграта. Играчите откриваат скриени полиња, завршуваат мисии и го развиваат карактерот додека играат. Се чини дека играта има и кампања која е поделена на сценарија, но ова барем засега не е потполно јасно.

Fallout the Board Game не е прва игра на табла од франшизата. Купувачите на Fallout Tactics можеби ќе се сетат на Fallout Warfare. За оваа игра принт верзија беше достапна на дисковите.

Во последно време има куп игри на табла по видеоигрии. Civilization, Witcher, World of Warcraft, Starcraft, Bioshock, Xcom, Portal, Doom се само дел од игрите кои имаат и своја „картонска“ верзија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии