Видео: Робот се препозна самиот себе во огледало

Qbo, робот со стереоскопска визија кој во себе има софтвер за препознавање на објекти и лица, развиен од компанијата TheCorpora, се препозна самиот себе во огледало.

QBO, чиј код е слободен, е мал робот со вештачка интелигенција создаден за домашни потреби. Целта на креаторите е да создадат робот кој би служел како милениче. QBO располага со стереоскопска визија (2 веб-камери кои препознаваат лица, длабочина на слика, објекти, бои, мапи и сл.), систем за говор и препознавање на говор (засега само англискиот е поддржан), интернет конекција преку Wi-Fi, ултразвучни сензори преку кои успева да избегне објекти и падови и сл.

Од TheCorpora велат дека идејата за овој мал експеримент дошла откако било споменато дека само човекот, делфините и некои видови на мајмуни можат да се препознаат самите себе во огледало… Повеќе детали за како QBO успева да се препознае во огледало може да пронајдете на нивниот блог.

1 коментар на “Видео: Робот се препозна самиот себе во огледало

  1. Можно е да е трик, пример роботот да ја брати диодата што му светка (како нос) и ако се поклопи сликата и тајмерот на диодата тогаш тоа сум јас. Добро ќе беше да му покажат и негова слика.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии