Видео преку Vine, Instagram и YouTube е забрането на Олимпијадата во Сочи

Рускиот олимписки комитет нема намера да им дозволи на новинарите целосно да ги користат предностите на новите технологии на Зимските олимписките игри во Сочи. На новинарите им е забрането да снимаат видео преку мобилен телефон со сервиси како Vine, Instagram или YouTube со казна за забрана за пристап на стадионите. Единствено дозвола за пренос ќе имаат акредитираните новинари кои мора да имаат професионална опрема.

Но, фотографирањето преку паметен телефон е дозволено. Портпаролот на Меѓународниот олимписки комитет, Марк Адамс, вели не само што ги охрабрува сите да споделуваат фотографии на Instagram, туку ги охрабри сите да споделуваат што е можно повеќе фотографии на друштвените мрежи.

Ова појаснување доаѓа по погрешните извештаи дека во Сочи ќе биде забрането и фотографирањето, но се работи само на забрана за снимање на видео поради лиценците. Проблемот настана поради телевизиските права за пренос на Олимписките игри, или како што стои во патството за медиумите на МОК, „Акредитираните новинари можат да ги користат друштвените платформи и страни за подобар пренос. Фотографиите на акредитираните фотографи можат да бидат објавени за уредувачки цели на друштвените мрежи или веб сајтови во согласност со фотографот… “, објаснува USA Today.

Сочи сепак не е ниту прв организатор кој се обидел да наметне вакви правила, претходните Олимписките игри во Лондон имаа слични правила, кои сепак не беа спроведувани.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии