Видео од целата Let's Talk iPhone презентација на Apple

Подолу е видео од час и триесет и седум минути од целата Let’s Talk iPhone презентација која се одржа вчера. Презентацијата ја отвора новиот извршен директор на Apple, Tим Кук, кому ова му е прво презентирање на новите уреди по повлекувањето на легендарниот Стив Џобс. Како што очекувавме, г. Кук не го замени Стив Џобс, но имаше солиден настап со помош и од други извршни лица на Apple кои ги претставија сите статистики, новини и нови уреди.

Let’s Talk iPhone настанот можеби малку ги разочара iPhone фановите бидејќи наместо нов редизајниран, со поголем екран iPhone 5, беше претставен само 4S, хардверски подобрена верзија на iPhone 4. Беше претставен и iPod Nano, личниот асистент Siri, iOS 5, сервисот за складирање на облакот iCloud, апликација за поврзување со пријателите и фамилијата… Повеќе во видеото подолу.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии