Видео игрите како Portal 2 треба да бидат дел од образовниот процес

Освен што предизвикуваат насилство (нели?), видео игрите можат да бидат огромно помагало во едукација на помалите корисници. Пример за тоа се  неколку професори од САД кои во сорабока со Valve ја користат Portal 2 за полесно да им ги објаснат математичките дисциплини на своите ученици, пишува CNET.

Професорот Камерон Питман од Тенеси, кој и самиот е гејмер, верува дека видео игрите можат да бидат моќна алатка во рацете на учителите.  Неговиот ентузијазам и Portal 2 Puzzle Maker се заслужни за лекции за практични проблеми во физика кои тој ги решава со своите студенти.

Неколку професори како Лиса Кастенада од Вашингтон во соработка со Steam  започнаа проект „Предавај со Portal“ кој овозможува на сите студенти и професори да преземат едукативна верзија на играта која ќе може да ја користат во наставата. На видеото може да видиме еден пример во кој се експериментира со влијанието на порталите врз  „terminal velocity“.

[youtube]I12iKDxxcY4[/youtube]

2 коментари на “Видео игрите како Portal 2 треба да бидат дел од образовниот процес

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии