Видео игрите ќе ја донесат потребната еволуција на образованието

Call of Duty, Grand Theft Auto и World of Warcraft често се означени како „главните виновници“ за неуспехот на децата во училиште, за насилството и за анти-социјалното однесување, иако децата се онлајн во контакт со своите пријатели. Но, тоа е архаично мислење на тие што одбиваат да ја видат технологијата како извор за креативност. Напротив, видео игрите со својата интерактивност и забава стануваат се помоќни алатки во образованието и истражувањата.

Во САД во тек се два проекта кои ја предводат гејминг револуцијата во образованието, јавува ReadWrite. Станува збор за National STEM Video Game Challenge и проектот на Метју Питерсон. The National STEM Video Game Challenge е натпревар чија цел е да ги заинтересира студентите и средношколците за технолигијата и инженерството додека креираат видео игри. Натпреварот е дел од образовниот план STEM (Science, Technology, Engineering and Math) на претседателот на САД, Барак Обама. Целта е студентите да креираат видео игри и во процесот да се запознаат со вообичаените проблеми кои ги имаат дизајнерите, но и да ги надминат применувајќи го своето знаење.

Игрите учесници на натпреварот покрај забава имаат и едукативен карактер. Crystal Physics ги запознава играчите со реален физички коцепт, кој треба да го применат за да ја турнат кулата со својата сфера. I F.L.Y. е игра која помага на играчите го совладаат францускиот или шпанскиот јазик. Etiquette Anarchy ги запознава играчите со Викторијанскиот период, а играчите треба да му помогнат на Џејсон Мекмилан да го подобри својот социјален статус со тоа што ќе присуствува на секоја забава во Англија, притоа Џејсон мора да ги избегнува историските пречки кои му ја отежнуваат работата.

[youtube]Ne1zfPo8_YM#t=24[/youtube]

Другиот проект е тој на Метју Питерсон од Mind Research Institute, кој се фокусира на образованието без зборови, сакајќи при тоа да им помогне на учениците кои имаат проблеми, како на пример дислексија која е сериозна пречка во образованието. Наместо зборови, во видео игрите тој користи илустрирани примери кои не само што ги објаснуваат задачите, туку и одлично ги визуелизираат проблемите. Мотото на проектот е „Научете математика визуелно!“. Над 100 игри ќе помогнат на учениците поедноставно да се запознаат со геометриски фигури, линеарни и квадратни равенки и останати проблеми од математиката.

Без сомневање игрите се одлична образовна алатка која може да се искористи за доближување на математиката, физиката и технологијата до учениците. Па се надеваме дека во иднина ќе биде актуелно прашањето „а што игра син ви/ќерка ви?“ кога ќе добијат добри оценки на училиште.

[youtube]2VLje8QRrwg[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии