Видео игрите добија статус на уметничко дело

Дејан Соколоски

во Свет

  • Сите медиумски платформи како: интернет интерактивни и мобилни технологии, видео игри, уметнички содржини пренесувани преку сателит, како и радио и телевизија.
  • Медиумски проекти кои можат да се разгледуваат како уметнички дела.

Грантовите кој ќе ги доделува NEA се од 10.000$ до 200.000$ во зависност од обемноста на проектот. За парите од фондот дизајнерите на игри ќе треба да се натпреваруваат со ТВ и радио продуценти како и со уметнички содржини пренесени преку сателит. Конкурсот се однесува на 2012 година и ќе треба да се почека до негово затварање да дознаеме дали некој дизајнер ќе добие грант.

Flower ве става во улога не ветар кој дува по ливади полни со цвеќе

И покрај ова признание дебатата за прашањето „дали видео игрите се уметност?”, најверојатно ќе продолжи подолго време до целосно прифаќање. Со оглед на тоа дека е прилично тешко да се дефинира што е уметност ќе ја предземам дефиницијата од Wikipedia: Уметност е продукт или процес на организирање на објектите на начин кој влијае на едно или повеќе сетила, емоции и размисли. Според дефиницијата игрите дефинитивно би можеле да ги сместиме во уметностите. Па останува прашањето зошто се чекало до сега? Игрите ги содржат речиси сите традиционални уметнички форми (текст, музика, филм, слики) и повеќе од тоа игрите имаат квалитет повеќе интерактивни се! И покрај тоа што сум приврзаник на игрите како уметничка форма морам да кажам дека игрите најпрво мора да бидат забавни а потоа се останато. И конечно моето мислење е дека креативниот процес на дизајнирање и создавање на играта, вклопувањето на сите елементи е уметност, ама играњето на игрите секако не е.

Умм сигурни сте дека двете се уметност???

На ист ден со одлуката на NEA, музејот Smithsonian ја објави конечната листа на 80 игри кои ќе се појават на изложбата „Art of video games”. На изложбата музејот им оддава признание на најпопуларните наслови како Fallout, Mass Effect 2, BioShock ќе бидат представени преку слики и видеа а пет наслови Pac-Man, Super Mario Brothers, The Secret of Monkey Island, Myst и World of Warcraftќе можат да се играат како дел од изложбата. За целосната листа Smithsonian ги консултираше играчите, повеќе од 119.000 фанови гласале за 240 игри од кои 80 се избрани како победници во финалната листа.

А каква е состојбата кај нас? Да бидам искрен не успеав да најдам некој податок дали владата на Македонија ги препознава видео игрите како форма на уметност. Дали некој побарал грант за дизајн на видео игра? Би сакал да има повеќе мислења од вас читателите.  Што мислите дали игрите треба да бидат уметнички дела? Дали Македонија ги препознава видео игрите како уметност? Ако сте заинтересирани може да ја разгледаме темата подлабоко во некоја следна статија.

1 коментар на “Видео игрите добија статус на уметничко дело

  1. Da video igrite se umetnost posebno ovaa generacija koja nudi podobra grafika i pogolemi svetovi za istrazuvanje.No makedonija(da znam deka e so mala bukva samo za da pokazam kolku sme nazad) teshko deka voopshto gi priznava igrite kako nesto normalno sekoj pat koga igram igra lugjeto mi se smeat:DNo jas pak si prodolzuvam.Ocigledno e deka kaj nas seushte ke se igra Counter Strike:P

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии