Видео игри кои ќе излезат во јуни

Јуни е одличен месец за негување на вашето омилено хоби и практикување самоизолација и социјално дистанцирање. Ова се игрите кои ќе знаат како да ви помогнат во остварување на таквата мисија.

1 – 5 јуни

Во првата недела од месецот јуни, инди играта Spirit Oath ќе проба да ве заинтригира со уникатни стратешки елементи, надополнети со невообичаена акција и авантура. Sea of Thieves конечно се осмели да се префрли на Steam и да им дозволи на играчите од друга платформа да навлезат во комплексно, пиратско искуство. Велосипедистите, пак, ќе можат за започнат турнеи или со Pro Cycling Manager 2020, или со Tour de France 2020. Крајот на неделата се одбележува со римастер на целиот Command & Conquer стратешки серијал.

  • Little Nightmares [Stadia] – June 1
  • Spirit Oath [PC] – June 2
  • Valorant [PC] – June 2
  • Sea of Thieves [PC] – June 3
  • Castle Kong [PC] – June 4
  • Pro Cycling Manager 2020 [PC, PS4, XBO] – June 4
  • Tour de France 2020 [PS4, XBO] – June 4
  • 51 Worldwide Games [Switch] – June 5
  • Command & Conquer Remastered Collection [PC] – June 5
  • The Outer Worlds [Switch] – June 5

9-12 јуни

Втората недела зазема значително поголем замав и се заканува да ја започне забавата првин со Deck of Ashes – RPG игра со карти. Играта е подолг период дел од раниот пристап на Steam и, доколку може да им се верува на бројните рецензии, исклучително добра тактичка игра со градење и користење моќни шпилови со карти. Истиот ден, напаѓа новата, единаесета сезона за Destiny 2. Доколку е слична на претходната, полека ќе почнеме да се плашиме за иднината на овој серијал, предизвикан првенствено од неиздржливиот грајнд кој секојдневно се форсира. Играчите на конзоли ќе можат и да се втурнат во новата експанзија за ESO и да го истражуваат западниот дел на Скајрим на нови, возбудливи начини и со готска приказна која пушта мрачни корени.

Greymoor Launch Date Update from ESO's Game Director - The Elder ...

Beyond Blue и втурнувањето во сината бесконечност на океанот е резервирано за 11 јуни, истиот ден кога и се очекува напад на Fortnite фронтот и нивната трета сезона од второто подглавје. Немојте сеуште да завршите со планирањето затоа што за вашето време тој ден ќе се бори и sci-fi симулацијата Ostranauts. Новиот додаток Prison Architect: Island Bound, пак, ќе ви пружи дополнителни можности за негување на вашите аспирации за управител во казнена институција, а Samurai Shodown ќе ви покаже од што се направени вистинските самураи (строго се препорачува на сите љубители на Street Fighter серијалот).

  • Deck of Ashes [PC] – 9 јуни
  • Destiny 2 Season 11 [PC, PS4, XBO] – 9 јуни
  • The Elder Scrolls Online: Greymoor [PS4, XBO] – 9 јуни
  • Project Warlock [PS4] – 9 јуни
  • Beyond Blue [PC, PS4, XBO] – 11 јуни
  • Fortnite Chapter 2 Season 3 [PC, PS4, XBO, Switch] – 11 јуни
  • Ostranauts [PC] – 11 јуни
  • Prison Architect: Island Bound DLC [PC, PS4, XBO, Switch] – 11 јуни
  • Project Warlock [Switch] – 11 јуни
  • Samurai Shodown [PC] – 11 јуни
  • Project Warlock [XBO] – 12 јуни
  • Warborn [PC, PS4, XBO, Switch] – 12 јуни

16 – 19 јуни

Третата недела започнува со валканиот, екстра насилниот Desperados 3. Нѝ недостасуваше враќањето во Дивиот Запад и смислување интелигентни стратегии за динамично справување со останатите каубојци. Во случај да сте желни за малку поразлични пресметки, Disintegration се чини како феноменална FPS игра, со длабоки sci-fi елементи проткаени низ возбудлива кампања за еден игач и откачени мултиплеер. Истиот ден, направете простор и за новото DLC за Farming Simulator 19 и пробајте да го живеете фармерскиот живот со дополнителна опрема.

Farming Simulator 19 on Steam

Љубителите на кучиња и виртуелни новели би можеле да го поминат 18 јули со играта Best Friend Forever, a, во случај да се по атмосферска акциона авантура со демони, би можеле да ѝ пружите шанса на Waking. Единствено нешто што смеете да играте на 19 јуни е The Last of Us 2. На овој продолжеток се чекаше многу време и гејмерите се крајно нетрпеливи да дознаат како се Ели и Џоул.

  • Desperados 3 [PC, PS4, XBO] – 16 јуни
  • Disintegration [PC, PS4, XBO] – 16 јуни
  • Farming Simulator 19: Kverneland & Vicon Equipment Pack DLC [PC, PS4, XBO] – 16 јуни
  • Summer in Mara [PC, Switch] – 16 јуни
  • Best Friend Forever [PC, Switch] – 18 јуни
  • Waking [PC, XBO] – 18 јуни
  • Burnout Paradise Remastered [Switch] – 19 јуни
  • The Last of Us 2 [PS4] – 19 јуни
  • Ys: Memories of Celceta Remaster [PS4] – 19 јуни

23 – 30 јуни

Последната недела ќе пробаме да ги згаснеме горештините со SpongeBob SquarePants: Battle for Bikini Bottom – Rehydrated. Комплексен наслов за нешто што се чини како едноставна акциона авантура првенствено наменета за помладата публика. На 25 јуни доаѓа додатокот за една од најчудните игри кои произлегле од студиото зад Max Payne и Alan Wake. Во Control: The Foundation DLC конечно ќе можат да уживаат XBO гејмерите, а сите останати ловци би можеле да ги насочат нишаните кон Hunting Simulator 2 и да видат како е реализирана професијата со ловење дивеч. Завршете го месецот на висока нота и проверете ја The Wonderful 101: Remastered – акциона авантура на PlatinumGames каде стотина херои користат уникатни способности за справување со вонземна инвазија.

  • SpongeBob SquarePants: Battle for Bikini Bottom – Rehydrated [PC, PS4, XBO, Switch] – 23 јуни
  • Ninjala [Switch] – 24 јуни
  • Blair Witch [Switch] – 25 јуни
  • Control: The Foundation DLC [XBO] – 25 јуни
  • Hunting Simulator 2 [PC, PS4, XBO] – 25 јуни
  • Mr. Driller DrillLand [PC, Switch] – 25 јуни
  • The Legend of Heroes: Trails of Cold Steel 3 [Switch] – 30 јуни
  • The Wonderful 101: Remastered [PC, PS4, Switch] – 30 јуни

Тоа беа игрите кои ќе излезат во јуни. Што ќе играме? Кажете нѝ во коментарите или на социјалните мрежи! :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии