Viber, бесплатната апликација за чет и гласовни повици, која беше купена од јапонскиот Rakuten за 900 милиони долари, претстави една интересна новина која сигурно ќе им се допадне на 100-те милиони месечни корисници. Видео повиците беа достапни само преку десктоп верзијата, но сега се додадени и на мобилните верзии за Аndroid и iOS.
Проблемот со видео повиците преку мобилен е што видеото бара брз интернет за да биде видливо и без чести прекини. Viber како апликација која ги привлече корисниците со можност за чет и говорно повици преку секакви мрежи, вели дека имаат доволно добар сервис да ги поддржи видеата и на „најосновните мрежи“.
Директорот на Viber, Талмон Марко, зa Тhe Next Web најави дека „нашата мисија не е готова“ и дека ќе има три големи проблеми. Една голема промена е додавање на игри, а според очекувањата на сопствениците Rakuten, Viber треба да стане платформа за е-трговија, интегрирана со основниот бизнис на Rakuten.
thanks admin for sharing such a great post