Viаdeo, европската бизнис друштвена мрежа стартувана во Франција во 2004-та година, успеа да добие уште 32 милиони долари инвестиција за понатамошен развој и освојување на Европа и пазарите во развој.
Viаdeo со своите 45 милиони корисници е далеку зад подобро познатата мрежа LinkedIn, која има околу 150 милиони членови во 200 земји. Но, тие се сепак втората-најпопуларна ваква мрежа и според француската компанија, секој ден се приклучуваат нови 1 милион нови корисници секој месец, се прегледуваат 3 милиони профили и се прават 150.000 конекции секој ден.
Со новите 32 милони долари инвестиција Viadeo ќе се обиде да ја зацврсти својата позиција во Европа, и ќе се обиде да го прошири брендот во Кина, Латинска Америка, Индија и Русија, каде од декември стартуваше локална канцеларија со интегрирање на шведскиот сервис за бизнис прашања Mancx.