Ви се допаѓа Stranger Things? Инди студио издаде ретро игра базирана на серијата!

Добри вести за љубителите на ТВ серијата Stranger Things и ретро видеоигрите. Инди девелоперите Infamous Quest креираа point&click авантура базирана на хит серијата на Netflix.

Со оглед на сензибилитетот на серијата се чини дека изборот на жанрот и изгледот на играта е полн погодок. За жал, видеоиграта следи еден мал дел од серијата, а играчот е во улога на шерифот Хупер, во првите денови од потрагата по исчезнатиот Вил. Се надеваме дека развивачите ќе продолжат да ја развиваат играта, па можеби наскоро ќе додадaт уште некој дел, иако за ова мора да ги добијат и правата од креаторите на серијата.

stranger2

Играта е бесплатна и достапна на Windows, Linux и macOS. Повеќе детали тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии