Ви го претставуваме старо-новиот сервис на IT.mk: ИТ Кариера

Во сега веќе далечната 2010 година го тестиравме концептот на објавување на огласи за вработување на порталот и беше објавена затворена бета фаза на сервисот ИТ Кариера.

Сервисот функционираше кратко време а потоа го затворивме, не од причина што немаше интерес, туку за да го досредиме и соодветно интегрираме во целиот систем. Но претходните верзии некако не ја дозволуваа таа интеграција со својот дизајн и концепт, па се решивме да почекаме, сѐ до објавувањето на оваа v5 на IT.com.mk  IT.mk, за која имаме цел да ја направиме малку повеќе од обичен ИТ портал кој објавува дневни содржини.

Денеска официјално може да кажеме дека сервисот ИТ Кариера станува интегрален дел од порталот и приказната на IT.mk.

Image 093

Засега ИТ Кариера е навидум обичен огласник за вработување во ИТ секторот, кој функционира бесплатно со едноставна регистрација на работодавачот која може да се направи во исто време дури се објавува огласот и за која се потребни неколку минути.

Од страна на кандидатите за вработување, ИТ кариера нуди едноставен и брз преглед, на се надеваме за брзо време сите ИТ огласи во Македонија. Прелистувањето на огласите е јавно, како што се јавни и бесплатни и инструкциите за аплицирање на истиот. Пребарувањето може да биде според град, позиција, категорија и сл.

Image 092

Целта зад овој сервис е едноставна, сакаме на подобар начин да ги поврземе работодавачите и кандидатите, и да им овозможиме на работодавачите да ги најдат вистинските кандидати за своите позиции, а на кандидатите вистинската работа според нивните желби и знаења.

Првичната верзија на ИТ Кариера е со основните функционалности, во следниот период ќе интегрираме подобрувања на платформата кои ќе понудат дополнителен бенефит за двете страни, но за тоа потоа… :)

@Работодавачи, за да објавите бесплатен оглас за вработување во вашата компанија, кликнете тука.

@Кандидати кои бараат вработување или сакаат да ја променат постоечката работна позиција, кликнете тука.

Официјалната адреса на овој сервис, кој исто така има и своја позиција на почетната страна е it.mk/kariera.

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии