Ви фалат Instagram фанови? Mрежата избриша милиони лажни профили

Instagram избриша куп лажни профили кои на добар дел од популарните корисници значително им го намали бројот на следбеници. Најлошо помина самиот официјален Instagram профил кој загуби дури 18,9 милиони следбеници или 29 отсто од вкупниот број, вели New York Times.

„Разбираме дека ова е непријатно за дел од корисниците. Но крајната цел е да знаете дека луѓето кои ве следат се вистински луѓе“, вели портпаролот на Instagram, Гејб Мадвеј.

Во иднина Instagram ќе продолжи редовно со оваа пракса, па бројките нема да бидат изненадувачки големи. Се чини дека компанијата е одлучена да му стави крај на сивиот пазар кој овозможува продажба на профили со милиони следбеници.

Покрај профилот на Instagram кој е најмногу погоден од промената, значителен број загубија е дел од популарните личности на сервисот за споделување фотографии, така Џастин Бибер загуби 15 отсто или 3,5 милиони од своите следбеници, додека Ким Кардашијан загуби 1,3 милиони.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии