Вежбајте со апликацијата Asana Rebel

Мартин Јованчевски

во Софтвер

Asana Rebel е една од оние апликации кои првин ве принудува да се чувствувате убаво и здраво, а потоа и навистина да изгледате така. Или, барем, така се надеваме дека ќе биде. Според многумина, убавината зависи и од нашето размислување и начинот на кој се перципираме себеси. Во тој поглед, сметаме дека половината од патот е изоден со самото покренување на апликацијата. :)

Asana Rebel се одликува со стотици вежби кои произлегуваат од модерната јога, а ви дозволуваат или да ја намалите телесната тежина или да работите на зацврстување и зајакнување на вашето тело. Апликацијата го почитува вашето време и знае да понуди мини сесии за сите оние кои ги брка времето.

Преку пет уникатни теми за вежбање, Asana Rebel го нуди најдоброто од двата света и ве втурнува во фитнес сесии кои се инспирирани од јога. Ако Fatburn ви помага да ја намалите телесната тежина, програмата Strength ви помага да бидете посилни однадвор, а похрабри од внатре. Flexibility допринесува до, погодувате, поголема флексибилност во телото, а Balance & Focus ќе ви помогнат да го достигнете совршениот баланс. За крај, Breathe & Relax ви помага правилно да дишете и да се справувате со секојдневните предизвици.

Asana Rebel e за iOS или Android направите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии