Вежбајте насекаде низ Скопје со Fitkit

Нова локална платформа Fitkit овозможува преку единствена месечна претплата да се вежба на повеќе локации. На дофат на корисниците им се најдобрите фитнес и спортски центри во Скопје, а постојано се работи и на додавање на нови активности, велат основачите на FitKit.

Платформата е флексибилна и одлична за корисниците кои не можат да се одлучат или сакаат да пробаат различни активности. Наместо повеќе претплати во различни места, FitKit овозможува претплата на едно место, добивање на одреден број на тренинзи кои потоа претплатникот сам одлучува како ќе ги користи. Така корисникот може без обврски да го одбере тренингот, пример: јога, фитнес, зумба, пилатес, крос-фит, пливање, кик-бокс и слично, без притоа да чувствува потреба за месечни чланарини само за таа активност, доколку увиди дека активноста не одговара на самиот корисник.

За дел од овие вежби како кик-бокс или јога, секако е потребен континуиран тренинг за попрофесионален пристап, но идејата на апликацијата е да ги натера сите корисници да си ја изберат активноста и да можат да ја менуваат кога ќе посакаат. Со секоја претплата корисникот добива 16 тренинг термини кои може да ги користи по свои потреби. Освен изборот на вежбите и секако локацијата можно е да се одбере и терминот.

Апликацијата е основана од неодамна дипломираната машинска инжинерка Ангелина Блажеска, која наведува дека целта зад апликацијата е зголемување на мотивацијата и условите за тренирање, но и искористување на слободните термини во самите фитнес и спортски студиа.

Зад брендирањето и маркетинг реализацијата на идејата стои Кајгана Медиа, а самата идеја за апликација потекнува од слични продукти достапни на американскиот пазар.

FitKit е достапен преку Android и iOS. Апликацијата е бесплатна за корисниците, а се купуваат единствено термините за тренинг.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии