Вевчани е првиот и веројатно единствениот град кој доби своја криптовалута – Крипто Личник. Повод за криптовалутата е 7 Август – Денот на вевчанскиот непокор.
Идеја за криптовалутата е на г. Јордан Стојановски, докторанд на компјутерски науки на Универзитот Мичиген. Г. Стојановски во иднина ќе добие и статус на почесен граѓанин на Република Вевчани.
Во втората декада од дваесет и првиот век, во чест на 07. Август 2020 година, како иницијатива на неколку млади и високообразовани Вевчанци и во соработка со кабинетот на градоначалникот на Општина Вевчани – првата крипто-валута, насловена „Крипто Личник“ е пуштена во употреба со неколку трансакции на симболични суми од „Крипто Личник“ кон неколку заслужни граѓани за раѓањето и идејата на Република Вевчани. Авторот на националната крипто валута на Република Вевчани и нејзиниот иден почесен граѓанин е г. Јордан Стојановски, кој е докторанд на компјутерски науки на Универзитот Мичиген и долго време работи на полето на безбедност на крипто -валутите и нивната употреба, а живее и работи во градот Њујорк. Врската Вевчани-Њујорк беше интензивна во овој подолго планиран проект, а Стојановски како голем вљубеник во Вевчани и инспириран од неговиот слободарски дух, ги надогради вевчанските пари – Личници во форматот на 21 век, крипто валута –„ Крипто Личник.“ , вели во објавата градоначалникот на Вевчани Сашо Јанкоски.
1 коментар на “Вевчани доби своја криптовалута – Крипто Личник”