Вестите во пребарувачот на Google ќе доаѓаат со ознака за веродостојност

Дејан Соколоски

во Веб

Најголемиот светски пребарувач додаде нова функционалност, отсега корисниците ќе добијат известување за веродостојноста на вестите кои ги читаат директно во резултатите. Ова е решението на Google со кое ќе се обидат да се справат со лажните вести.

„По проценкта на фидбекот од корисниците и издавачите, Fact Check етикетата во Google News ќе ја направиме достапна насекаде. Ќе ја додадеме во пребарувањата глобално и на сите јазици. За прв пат кога ќе пребарувате на Google, за вест која има потврда од авторитет јасно ќе ја видите оваа информација во резултатите.“, вели Џастин Кослин од Google.

Вестите ќе ги оценуваат признати независни авторитети. Вестите во резултатите ќе бидат прикажани заедно со деловите кои се проверени. Функцијата е достапна глобално. Google ја издаде оваа функција во октомври, но сега е додадена во регуларните резултати од пребарувањето, вели BBC.

Иако резултатите ќе бидат прикажани со кус приказ на проверените факти, нема да има никаква промена во редоследот на прикажаните вести. Секако медиумите и новинските агенции кои ги проверуваат своите вести ќе бидат прикажани како поверодостојни.

„Овие проверки на фактите не доаѓаат од Google и ги презентираме за да може корисниците да донесат сопствен информиран заклучок. Иако може да се појават различни заклучоци, сметаме дека сепак е корисно за луѓето да имаат своевиден консензус околу некое тврдење, и да имаат информации околу кои и изворите се сложуваат“, пренесува Bloomberg.

Издавачите можат самите да се пријават за да додадат етикета за проверка на факти, алгоритмите на Google ќе „одлучат“ дали истите ќе се појават во резултатите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии