Веста за бременоста на Бијонси руши рекорди на Twitter

Најголемата вест од овогодинешното издание на MTV Video Music Awards беше изјавата на Бијонси дека е бремена, вест која молскавично се рашири низ сите можни медиуми, и македонски портали само за тоа пишуваа во текот на вчерашниот ден. Веста беше хит на друштвените мрежи, каде Тwitter забележа рекордна твитаност за веста.

Според официјалниот глобален ПР профил на Twitter, @TwitterComms, во неделата веста дека Бијонси е бремена достигнала 8,868 твитови во секунда, што претставува нов рекорд за најмногу твитови во секунда за даден настан. Веста за Бијонси го сруши претходниот рекорд од 7,196 твита во секунда кој го држеше женскиот фудбалскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Соединтетите Американски Држави и Јапонија. Интересно е тоа што Бијонси успеа да биде потвитана и од веста за земјотерот кој неодамна го потресе главниот град на САД, Вашингот ДС, која успеа најмногу да достигне 5,500 твита во секунда.

OMG Beyonce just made a huge announcement on the #vma carpet! #baby!!!!! http://t.co/UatSYcOless than a minute ago via Twitter for iPhone Favorite Retweet Reply

Last night at 10:35pm ET, Beyonce’s big MTV #VMA moment gave Twitter a record bump: 8,868 Tweets per second.less than a minute ago via web Favorite Retweet Reply

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии