Вештачката интелигенција сега може да предвиди кои бебиња ќе развијат аутизам

Докторите со помош на вештачка интелигенција можат да предвидат со 96% точност кое бебе ќе развие аутизам. Компјутерот ги анализира сликите од скенирањата на мозокот на 6-месечно бебе. По анализирањето ја предвидува опасноста за развој на аутизам на 2 годишна возраст, јавува Sciencemag.

Истражувањето опфати 59 помлади браќа и сестри на деца со ASD. За овие деца опасноста од аутизам е 20 пати поголема од вообичаено. Анализата точно предвиди развој на аутизам кај 9 од 11 бебиња. Сепак, за да се покаже како точен, методот ќе мора да се повтори.

Дијагностицирањето со помош на вештачка интелигенција е актуелно веќе неколку години. Благодарение на машинското учење компјутерите можат да анализираат огромни сетови на податоци и да ги споредуваат едни со други. Дополнително, компјутерите неуморно пребаруваат по податоците без опасност од грешка да направат превид или да им здодее.

IBM е лидер на ова поле, а вештачката интелигенција Watson има куп примени и дијагностиката е една од нив. Неодамна истражувачи од Стенфорд креираа платформа за дијагностика на рак на кожа. Технологијата на тимот од Стенфорд е во почеток на развој, а веќе може да дијагностицира со подеднаква точност како и дерматолозите.