Вештачката интелигенција научи да го помине reCAPTCHA тестот

Дејан Соколоски

во Веб, Свет

Тестот кој треба да ги раздели луѓето од ботовите, reCAPTCHA, повеќе не е препрека за роботите.

Машините за разлика од луѓето се прилично лоши кога треба да се препознаат искривена слика. Поради ова, CAPTCHA беше успешен во заштита на сервисите од навалата на машини.

Група истражувачи од компанијата Vicarious успеаја да пронајдат начин да ја заобиколат заштитата. Истражувачите успеаја да креираат модел кој може да препознае која контура наликува на која буква. На технологијата всушност и е потребно многу малку тренинг за да започне да ги препознава контурите.

„Трикот“ кој го искористија истражувачите од Vicarious е да го имитираат начинот на кој и луѓето ги препознаваат работите. За оваа цел тимот креираше „Recursive Cortical Network“. Технологијата овозможува препознавање на рабовите од секој објект и неговата внатрешност. Друг дел прибира податоци за мазноста на површината. На крај сите податоци се споредуваат и се креираат групи со заеднички карактеристики.

Технологијата вака овозможува препознавање на секоја буква или карактер со точност од 94%. Комбинацијата на сите букви овозможува успешно поминување на препреката во 66.6% од случаите. Се смета дека CAPTCHA прашањата се несоодветни, ако машина може да ги помине во 1% од случаите, вели Motherboard.

Ваквиот систем успешно ги помина и Yahoo и PayPal системите во 57% од случаите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии