Вештачката интелигенција на Google научи да преведува јазици кои не ѝ се познати

Вештачката интелигенција на Google сега може да преведува јазици кои програмерите не ја „научиле“ да ги преведува. Ова е благодарение на невралните мрежи кои Google во септември ги вклучи за подобрување на сервисот.

translate-google

Google објави дека вештачката интелигенција, пронаоѓа начин за поврзување на јазиците. Програмерите го научија преведувачот да преведува од англиски на корејски и од корејски на англиски; истото го направија и со јапонски. Вештачката интелигенција самата научи да преведува од корејски на јапонски и обратно, без притоа да го користи англискиот како меѓујазик.

image01

Ова може да значи дека вештачката интелигенција успеала да пронајде начин сличности во јазиците да ги зачува посебно. Потоа компјутерот и самиот успеал да креира концепт со кој ги преведува јазиците на сопствен интерен јазик на кој ги преведува сите зборови. Засега е нејасно што се случува со преводот, но и инженерите на Google се сомневаат дека токму ова е одговорот. Сепак начинот на функционирање на вештачката интелегенција е комплексен, па не е во целост јасно што се случува.

Ова ќе овозможи не само поедноставен превод и намалување на внесувањата, туку и поефикасно преведување. Преводот работи за 103 јазици што соодветствува на 5,253 парови за секој збор. Со старата метода овие врски требаа рачно да бидат внесувани, но со новиот метод ова може да се прескокне.

Целиот текст за Zero-Shot Translation е достапен на arxiv.org.

1 коментар на “Вештачката интелигенција на Google научи да преведува јазици кои не ѝ се познати

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии