Вештачката интелигенција ќе ни каже кога е следниот земјотрес?

Вештачката интелигенција и обработката на огромни сетови податоци ќе помогнат за повеќе податоци за земјотресите во иднина. Обработката на сетови податоци кои ги прави Националната лабораторија во Лос Аламос треба да помогне и за побрзи и поточни предупредувања.

Земјотресите не може да се спречат, но Пол Џонсон од Лабораторијата во Лос Аламос се надева дека во иднина ќе имаме подобро разбирање.

Потребата од подобри податоци и подобро познавање на земјотресите е несомнена. Предвидувањата на земјотресите се речиси никакви. Па така вообичаено изгледаат како: „еднаш во 50 години“ или „еднаш во 100 години“.

Во дел од трусните подрачја ова не е толкав проблем. Зградите и куќите веќе со години се градат да бидат сеизмички стабилни. Но, дел од последните земјотреси се во региони кои се сметаат за стабилни, пример земјотресите на Хаити 2010 и во Кина 2008 се во зони кои ги сметаме за сеизмички стабилни, пренесе New York Times.

Лабораторијата го анализира звукот/шумот од сеизмичките поместувања. Потоа откако ќе бидат процесирани доволно податоци, вештачката интелигенција ќе треба да побара некоја законитост. Ако ова биде успешно, можеби во иднина ќе можат да се предвидат земјотресите. Секако, барем ќе доведат до нови сознанија.

„Во моментов технологија е подеднакво добра, па дури и подобра од луѓето експерти“, вели истражувачот Захариј Рос.

Дури и да не доведе до некое ново сознание, вештачката интелигенција ќе помогне за побрзо да се завршат истражувањата. Истражувањето на професорот Брендан Меад од Харвард е дури 500 пати побрзо со вештачка интелигенција.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии