Вештачката интелигенција ќе го подобри преводот и на македонскиот јазик на Google Translate

Новата надградба на апликацијата Google Translate значително ќе го подобри офлајн преводот.  Македонски е еден од јазиците кои се достапни на апликацијата и корисниците наскоро ќе може да забележат значително подобар офлајн превод.

Ако често ја користите апликација најверојатно може да забележите разлика во квалитетот помеѓу онлајн и офлајн преводите. Системот сега ќе преведува цели реченици, наместо дел по дел. Вештачката интелигенција ќе го прошири поврзувањето на речениците и ќе се обиде да го „разбере“ целиот контекст. Ова ќе овозможи преводите да бидат подобри и да звучат како вистински разговори.

Секако главната предност на офлајн преводите ќе биде при патувањата. Со оглед на тоа дека е започната сезоната на летни одмори, ова е одлична вест. Јазичните пакети и не се премногу големи, од 35 до 45 MB, што за секој понов телефон е незначајна големина.

Надградбата е достапна на двете верзии на апликациите и на Android и на iOS. Еден мал дел веќе ја имаат надградената верзија, а за сите други корисници вештачката интелигенција стига наскоро. Надградбата истовремено е достапна за сите 59 јазици достапни со преводот. Македонскиот е еден од нив.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии