Вештачка интелигенција повторно ја предвиде личноста на годината на магазинот Time

Unanimous AI по втор пат точно го предвиде изборот за лице на годината според магазинот Time. Оваа година добитник е движењето #MeToo или „Silence Breakers“. Движењето придонесе голем број мажи кои ја злоупотребиле својата положба да бидат отстранети.

Time Magazine оваа награда започнува да ја доделува од 1927 година. Наградата вообичаено се доделува на личноста, одноносно групата која имала најголемо влијание во медиумите изминтата година.

Оваа година магазинот разгледуваше 33 кандидати. Во текот на предвидувањето вештачката интелигенција поминува куп итерации во кои одредува кој има најмалку шанси за да биде лице на годината. Метологијата која ја користи вештачката интелигенција овозможува да се следи колку читатели го следат овие кандидати. Така, секој магнет на анимираната слика е различен корисник кој влијае на конечниот исход. За функционирање на вештачката интелигенција потребна е група од 75 корисници кои ќе може да следи.

Unanimous A.I. точно ја предвиде и Топ 5 листата (од 33), иако  со различни места за пласманите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии