Вештачка интелигенција и детектори за лаги за влез во Европа?

во Вести, ИТ.ЕУ

Дел од аеродромите во Европа најавуваат дека ќе ги надградат мерките за безбедност со детектори за лаги со вештачка интелигенција.

Идејата за робот кој ќе ги поставува сите прашања звучи неодоливо. Прашањата ќе ги поставува виртуелен цариник, а ќе ги анализира вештачката интелигенција. Системот е опремен со повеќе сензори, па може да го анализира гласот или гримасите кои ги прави испитаникот.

Конечната одлука нема да ја носи вештачката интелигенција. Сепак ако забележи промени во гласот и изразот на лицето, ќе го повика цариникот кој треба да ја донесе конечната одлука.

Мерката ќе започне да се применува како тест мерка, на неколку аеродроми во Европа. Првите аеродроми на кои започнуваат тестовите о во Унгарија, Грција и Латвија. Технологијата iBorderCtrl ќе биде тестирана на патници кои доаѓаат надвор од границите на Европа. Прашањата на кои патниците ќе треба да одговорат се основни: име, дата на раѓање, цел на патувањето и слично. Секако ако се појави грешка во системот илјадници патници можеби ќе бидат насочени на дополнителни тестови.

Секако, а и разбирливо, идејата не ја прифатија сите. И без вештачка интелигенција успехот на детекторите на лага е контроверзен. Додадете на ова дека целата технологија  досега е тестирана само 32 пати и противењата на дел од експертите се разбирливи. Креаторот на технологијата верува дека ќе успеат да достигнат 85% точност во предвидувањата, пренесе CNN.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments