Verizon плаќа 4,8 милијарди долари за Yahoo!

Не така одамна Yahoo беше првата врата кон интернет за десетици милиони корисници. Неколку генерации го користеа Yahoo Messenger да разговараат и да запознаат нови пријатели, но сега и последните потсетници на некогашниот гигант заминуваат. Компанијата за 4,8 милијарди долари ќе стане дел од Verizon, јави Recode. Зделката треба да се финализира денес пред да отвори берзата. Сепак највредниот дел на компанијата не е на продажба, па акционерите во Yahoo ќе ги задржат акциите во Alibaba, Yahoo Japan и дел од патентите.

Причината поради која компанијата го продаде интернет порталот е постојаниот пад на посетеност, во моментов нешто помалку од 60 милиони дневни посети, а со тоа и намалувањето на заработката од реклами. Yahoo e основан во 1994 година од Дејвид Фило и Џери Јанг, и беше помеѓу најпосетуваните пребарувачи, но по основањето на Google и во поново време на Facebook, Yahoo ја загуби трката. Ниту носењето на Мариса Маер не успеа да помогне компанијата да биде стабилизирана. Во 2000 година вредноста на Yahoo беше 125 милијарди долари.

Во Verizon, Yahoo ќе биде дел од својот поранешен конкурент AOL кој од минатата година е дел од компанијата. Yahoo треба да обезбеди содржини и технологија за реклами кои ќе му бидат од корист на Verizon и на неговите клиенти.

Image courtesy of NY Times

Image courtesy of NY Times

1 коментар на “Verizon плаќа 4,8 милијарди долари за Yahoo!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии