Veni, vidi, поправи… Скопјани преку Android апликација ќе пријавуват дупки

Скопската општина Кисела Вода најави „пилот“ Android апликација преку која граѓаните ќе можат да пријавуваат дупки и други општински дефекти преку својот паметен телефон. Како што е (само) најавено, ќе се споделуваат информации за дупката со фотографии и GPS лоцирање.

Иако идејата зад „Види, пријави, поправи“ проектот е благородна, сепак ваквите проекти до сега не се покажаа баш успешни. Имено, пред скоро три години на првиот Android предизвик победи апликацијата Popravi.mk која имаше иста функционалност како и најавената апликација на Кисела Вода. Но, проблемите со кои се соочи таа апликација е што 1) граѓаните не се многу замараа да пријават проблем бидејќи требаше да сликаат, вметнат локација, опис; и 2) oпштините воопшто не реагираа.

Можеби овој пат ќе биде полесен за реализација, бидејќи проектот го води општината Кисела Вода, па така преку crowdsourcing ќе може да ги лоцира сите проблеми, и да одлучи кој треба прв да се поправи. Но, за да стигнеме до фаза за поправање на дупки, првин треба да видиме функционална апликација која ќе се користи од граѓаните, кои, а ова е доста важно, ќе мора да поседуваат Android паметен телефон и да имаат мобилен интернет.

Како што стојат работите апликацијата на Кисела Вода е само најавен прототип, ништо повеќе, додека дупките и другите дефекти се реалност која ги оштетува граѓаните.

3 коментари на “Veni, vidi, поправи… Скопјани преку Android апликација ќе пријавуват дупки

  1. Доста општини на своите страници имаат решенија за пријавување проблеми. Кај некои општини нивните решенија активно се користат од граѓаните и општината одговара (позитивен пример, според мене е Општина Прилеп каде е тоа прилично јавно). Значи има интерес.

    Сепак, би било голема радосна вест да се види вистински соработка низ државава без разлика кој од која партија е и чив бизнис поддржува, да користат еден заеднички систем.

    Поголема трансапарентност, поголема демократија.

    Popravi.mk е еден таков сервис, на ниво на цела држава, но тој не може да успее без да го користат граѓаните активно и општините уште поактивно. Уште повеќе гледам дека нивниот код е бесплатен и со отворен код со Апачи лиценца и може секоја општина да си го земе и да го користи. Прашање е зошто не го земаат кога им е достапен.

    Јас верувам дека за да им функцирани еден ваков систем од трети лица треба да се наполни листа од 5000 пријавени, а непоправени проблеми. Тоа ќе дава лоша слика за општините и тие кога тогаш ќе станат заинтересирани да видат како да си го поправат имиџот. Особено пред избори.

    Така да ако верувате во краудсорсинг и во демократија сега е правиот момент, пријавувајте ги проблемите секаде каде ќе можете особено на вакви централизирани места :)

  2. Popravi.mk е супер апликација ама штета што општините несакаат да ја користат …… туку сакаат некоја нивна апликација

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии