Велосипедизмот во Скопје ќе се подобрува преку друштвени мрежи и интерактивни мапи

Велосипедистите и сите заинтересирани во Скопје ќе можат да ги споделат своите идеи, замерки и предлози до градските власти преку онлајн дискусии. Проектот „Интелегентни алатки за креирање на политики“ е дел од европската ФП7 програма која со помош на друштвените мрежи и анкетни листови ќе ја подобри комуникацијата на властите и граѓаните, вели FUPOL. Целиот проект наликува на претходните обиди како Поправи.мк и слични апликации со кои граѓаните пријавуваат проблеми. Но, овие поплаки ретко кога стигнуваа до глувите властите.

„Сите заинтересирани можат да оставаат коментари за тоа каква е состојбата со велосипедските патеки на булеварите и на магистралните улици кои се во надлежност на Градот Скопје, дали се задоволни од нивната сегашна состојба, дали на некои од овие патеки има одредени препреки (паркирани автомобили, лошо поставени билборди и инсталации…), како и да дадат идеи и предлози на оваа тема“.

Покрај состојбата за велосипедските патеки и проблемите со кои се среќаваат велосипедистите, тема на истражувањето е и проектот на градот за изнајмување на велосипеди, па сите заинтересирани се потикнати да го споделат своето мислење и за овој проект, како и нивното искуство со изнајмувањето. Заинтересираните можат да остават коментар на интерактивната мапа или да го пополнат прашалникот. Според бројот на коментари на мапата може да се заклучи дека Скопјани се заинтересирани и возат велосипеди, но за жал добар дел од коментарите укажуваат на проблеми, што значи дека има уште доста простор за подобрување на состојбата во Скопје.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии