Велика Британија започна сајбер акции против Исламската Држава

Директорот на британската агенција за разузнување GCHQ објави дека започнале сајбер напади против Исламска Држава.

Целта на акциите е да се стави крај на онлајн пропагандата на терористите онлајн. Со акциите значително се ослабени онлајн можностите на терористите, пренесе BBC.

Станува збор за напади кои не само што ги нарушиле можностите за онлајн дејствување на Исламска Држава, туку и физички уништиле дел од инфраструктурата. Како ова е изведено, засега е непознато.

Сепак Џереми Флеминг од MI5 вели дека работата не е завршена. Според него, групата и понатаму се обидува да инспирира напади во Велика Британија и се обидува да пронајде нови локации од каде ќе може да дејствуваат.

Агентот ја обвини Русија за неодговорно однесување онлајн. Г. Флеминг врди дека токму Русија ги оркестрираше најголемите „ransomware“ напади. Станува збор за Not Petya нападот кој зарази голем дел од компјутерите во Украина. Истовремено и системи во Русија беа зафатени од овој напад, а токму овие две држави, Русија и Украина беа најголеми жртви на нападите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии