Велика Британија развива автономни дронови

Велика Британија има фондови кои ги користи за развој на дронови кои сами ќе носат одлуки дали треба некого да убијат. Одлуката ќе биде донесена со вештачка интелигенција која се развива со финансии од Министерството за одбрана, пишува Guardian.

„Покрај јавните изјави дека Велика Британија нема намера да развива автономни платформи за оружје, постојат докази кои покажуваат дека Министерството за одбрана, подизведувачи на Министерството и универзитети во Обединетото Кралство активно работат на развој на потребна технологија со цел примена за воени потреби“, вели истражувачот Питер Бурт.

Истражувањето открива дека британското Министерство за одбрана работи на развој на систем кој автономно ќе работи на контролни механизми. Станува збор за вештачка интелигенција во која влегуваат куп сложени податоци и врз база на овие податоци леталото само носи одлука.

Опасноста од користење на овие системи секако постои. Најголем потенцијален проблем е внесување на погрешни податоци, или манипулација со податоци за наведување кон погрешни цели. Без контрола од операторот ова може да биде опасно.

Процените на експертите велат дека технологијата би можела да се појави на боиштата околу 2030. Неодамна Google се повлече од Project Maven, проект на САД со кој се анализираа видеа добиени од беспилотните летала.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии