Велика Британија претстави алатка за блокирање на онлајн екстремизам

Британскитe власти претставија онлајн алатка која успешно детектира и отстранува секаква екстремистичка содржина онлајн.

Британската министерката за внатрешни работи не исклучува носење на закон со кој ќе ги обрзе компаниите да мора да го користат софтверот, пренесе BBC.

Првите тестови на техологијата покажуваат дека алатката автоматски упешно ги отстранува непожелните содржини. Станува збор за вештачка интелигенција која е тренирана со илјадници часови материјал од Исламската Држава. Креаторот на содржината проценува дека алатката може да препознае 94% од видеата на Исламската Држава. Она што е имресивно е дека и бројот на погрешно препознаени содржини е едвај 0.005%.

Секако, дел од проблемите се токму лажно детектираните видеа. Дел од противниците се сомневаат дека алатката ќе се користи за отстранување на легитимни содржини, и со тоа ќе ја наруши слободата на говор.

Начинот на кој софтверот работи е таен, но генерално е фокусиран на карактеристиките на Исламската Држава и нивната активност.

Сега е клучно оваа алатка да се интегрира во сервисите и платформите кои ги користи Исламската Држава. Ова не е баш едноставно со оглед на тоа дека Исламската Држава постојано го менува своето онлајн присуство.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии