Велика Британија го впери прстот кон Закерберг

Дејан Соколоски

во Свет

Однесувањето на најголемата друштвена мрежа често е во фокусот на политичарите и законодавците. Сепак ниту во Европскиот парламент, ниту во Сенатот на САД не се искажани посериозни обвинувања од претставниците на Британскиот парламент.

Не станува само за критика кон праксата на Facebook. Се чини дека за првпат прстот е вперен кон Марк Закерберг и раководството на друштвената мрежа. Дополнително, за првпат не се поставувани реторички прашања туку се сугерираат сериозни законски ограничувања за друштвената мрежа. Дополнителни пратениците увидоа дека и британскиот законот за избори не е прилагоден на денешните технологии.

„Марк Закерберг постојано не успева да покаже лидерство и лична одговорност кои се очекуваат од некој кој раководи со една од најголемите светски компании“

Дел од бесот на британските парламентарци секако доаѓа и поради одбивањето на г. Закерберг лично да се појави пред нив. Веќе неколку месеци барат пред нив да се појави претставник на друштвената мрежа, но тоа не се случува.

„Демократијата е во опасност од злонамерно и  постојано таргетирање на граѓаните со дезинформации, персонализирани лажни огласи од извори кои не може да се идентификуваат.

Големите технолошки компании не успеваат вo должноста која ја имаат пред нивните корисници да дејствуваат против штетните содржини, и да ги почитуваат законите за заштита на податоци“, велат британските парламентарци.

Во извештајот се бара итно регулирање на работата на најголемата друштвена мрежа. Едно од решенијата е воспоставување на независно тело во Британија кое ќе одлучува за штетна и илегална содржина. Секако фокус на овие агенции ќе биде ширењето на лажни вести и користење на податоците на корисниците за таргетирано ширење на лажните вести.

Друштвената мрежа се чини дека и немаше некој друг избор освен да се согласи со констатацијата на парламентарците.

„Ја делиме загриженоста на комитетот за лажните вести и интегритетот на изборите. Мило ни е што можеме да известиме дека значително придонесовме во нивната истрага последниве 18 месеци. Одговоривме над 700 прашања, и седум од нашите најискусни директори приложија докази“, вели шефот на Facebook за односи со јавност задолжен за Британија. „Отворени сме за значајна регулација и ја поддржуваме препораката на комитетот за реформа на изборниот закон“.

Ова се чини дека ќе биде само почеток на проблемите на Facebook во Велика Британија. Во извештајот парламентарците да биде разгледано и користењето на податоците на корисниците од Британската агенција за заштита на лични податоци.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии