Велика Британија бара податоци од Facebook за руска вмешаност во Брегзит

По САД, можно е и Велика Британија да ги повика претставниците од Facebook да објаснат дали има руско влијание во Британија. Во 2016 година руски ботови го поддржуваа излегувањето на Велика Британија од Европската Унија, јави Slate.

Над 156.000 ботови и профили од трол фарми пишувале и  поддржувале излез на Британија од Унијата. Само во последните 48 часа пред Брегзит, од овие профили излегле 45.000 твитови. Дури 70% од идентификуваните ботови и профили во САД биле активни и во Британија.

„Тереза Меј покажа исклучителна наивност кога кажа дека Русија се меша во изборите на другите држави, но не и во изборите на оваа држава. Сепак на Брегзит, Тереза Меј и Владимир Путин размислуваа слично. Двајцата го поддржува екстремниот и штетен Брегзит“, вели Том Брејк, портпарол на Либерал-демократите за Брегзит.

Оваа недела претставникот на Лабуристичката партија, побара од Twitter да ги објави твитовите со кои е вршено влијатние во Британија. Со барање Facebook и Twitter да се обратат пред парламентот излезе г. Браке, пренесе Guardian.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии