Веќе сме киборзи, имаме повеќе моќ денес отколку претседателот на САД пред 20 години

„Некој мора да го направи ова. Ако никој не го направи ова, тогаш мислам дека јас треба да го направам“, вели Илон Маск, директорот на SpaceX и Tesla Motors, за креирање на пософистициран интерфејс помеѓу луѓето и машините. Г. Маск веќе има решенија предвид; станува збор за нанотехнологија која ја развива група хемичари и инжинери, и која овозможува со ултра-нежна мрежа да се поставува врз мозокот како нов вид на интерфејс помеѓу живите организми и машините. Засега се експериментира со лабораториски глувци, а глувците кои се дел од експериментот се без никакви проблеми, јави Gizmodo.

„Размислете за вештачката интелигенција, со брзиот развој наскоро ќе бидеме многу поглупави од машините. Ќе бидеме како мачки, домашни миленичиња на машините… Трет дигитален слој над мозокот ќе овозможи симбиотска комуникација со остатокот на мозокот. Веќе сме киборзи, нашиот дигитален отпечаток на интернет е своевидна супер моќ, преку телефоните и апликциите. Имаме повеќе моќ отколку што имаше претседателот на САД пред 20 години“, вели Илон Маск на Code Conference 2016.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии