Вечерва започнува Google I/O; еве како може да ја гледате конференцијата во живо

Борис Кузманов

во Веб

Во 17:45 часот по македонско време во Сан Франциско ќе започне I/O конференцијата на Google. Потврдено е дека ќе биде претставен помали надоградби на Android, можеби и Google Play Games, нови мапи од Google и секако ќе видиме повеќе за Google Glass. Картите кои се продаваа по цена од 900 долари се распродадоа за помалку од еден час, додека ние што не можеме да приствуваме на настанот, ќе мораме да се задоволиме со онлајн стримовите.

Онлајн преносот започнува во 18 часот во среда со воведот за конференцијата, додека во четвртокот ќе започне од 19 часот. За во петокот сѐ уште нема најави за пренос на сесиите од тој ден. Инаку, покрај стандардните предавања и работилници, на стримот ќе бидат пренесувани и ексклузивни интервјуа, отпакување на продукти и демоа. До стримовите ќе може да се пристапи директно од страницата на I/O, а целосната програма за настанот е достапна овде.

[youtube]9pmPa_KxsAM[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии