Најдобар .мк сајт за 2011-та е…?

Femina.mk, сајтот за се што е женско и еден од најголемите женски форуми во Македонија, е прогласен за сајт на годината на вторите по ред награди „Веб сајт на годината 2011“.

Натпреварот помина како што треба, многу подобро од лани, и се надеваме дека ќе станат традиционални ИТ награди кои ќе мотивираат и инспирираат иновација на македонскиот сајбер простор.

Сите сајтови беа пријавувани од корисниците, дел додадени од жирито, а гласовите беа распределени во сооднос 40 отсто од корисниците, а 60% од жирито.

Подолу се сите победници во осум категории:

  • Најдобар веб сајт Femina.mk
  • Најпопуларен сајт (од публика)Motika.com
  • Најдобар забавен сајтCrnobelo.com
  • Најиновативен сајтKajgana.com
  • Најдобар информативен сајтTime.mk
  • Најдобар бизнис/корпоративен сајтT-mobile.mk
  • Најдобар сајт за е-трговијаKupikartizase.com
  • Најдобар блогMarketing365.blog.mk
  • Најдобар форумforum.kajgana.com

Честитки до победниците! :)

Настанот „Веб сајт на годината 2011“ е организиран од Media Solutions, под покровителствaо на Претседателот на Република Македонија и Словачката амбасада во Македонија.

12 коментари на “Најдобар .мк сајт за 2011-та е…?

  1. Честитки за победниците ! Да бидеме реални, кои и да беа победници – ќе имаше негодувања !
    Оваа година прв пат посериозно беше организирано и мислам дека сите избрани се најдобри во своите категории.
    За Фемина не се заебавајте…па знаете ли што значи женска сила…па кога они ќе се организираат, нема кој да ги запре !

  2. Штета што луѓе кои немаат појма прават ваков избор. Тоа е како докторите да седнат и да бираат „кларинетист на годината“. Ги девалвираат победниците

  3. Честитки за победниците, ама изборот за најдобар веб сајт, најзабавен и најдобар блог не ми штимаат. Се согласувам со коментарот на @KihuPotru. Блог кој нема ниту 3 цели месеци и туку-таму се наоѓа по некоја оригинална содржина на него… ама тоа е. Има еден куп други блогови кои беа подобри (лично мене, а сигурно и други има кои ќе се согласат со моето мислење), само тешко кај нас да се организира нешто добро и без забушавање. За другите избори се согласувам. Поздрав.

  4. .не дека нешто ми значат било какви награди или зависам од нив, но, ова морам да го искоментирам. страшен gender balance за првата награда. . ..како цело требало да размислат пред да доделат ваква награда.

    најдобар блог за блог кој е стар три месеци, ако не се лажам. нека ми прости дечково, не би зборувал за квалитетот на содржината.

    се согласувам и со коментарот погоре, сепак нешто друго се подразбира под информативен сајт..

    :нека Ви е честита наградата, `победници!

  5. Најдобар информативен сајт – Time.mk – чекајте бре луѓе, ова е агрегатор на вести и не би требало да се зема во оваа категорија. Што станува тогаш со сите оние веб страни каде работи редакција на луѓе и креираат информации??? А покрај ова гледаме и реклами на страна која нема своја продукција на информации… Лошо.

  6. стварно не ми е јасно зашто секој избор во мкд мора да биде наместен … зар некој од машката популација го посетува сајтот на годината и гласа за сајт на кој воопшто не го троши своето време поминато на интернет …. честитки за сајтот на годината ама сепак мислам дека изборот е наместен

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии