Веб базиран Microsoft Office 2010

IT.mk редакција

во Софтвер

{mosimage} Мicrosoft го објави новиот Office 2010, но покрај стандардниот пакет со Word, Excel, Access, PowerPoint…Microsoft ќе објави и бесплатен веб базирани Office 10 апликации. „Облак“ апликациите влегоа во затворена бета и ќе бидат објавени најверојатно на почетокот на наредната година кога ќе биде пуштен во продажба и стандардниот Office 10 пакет.

Со веб базирани или „облак“ апликации дефинитивно ќе се намали продажбата на стандардниот Office пакет. Главна причина е тоа што многу луѓе користат Office само поради Word, Excell и PowerPoint, трите апликации кои се најавени како дел од веб базираниот Office 10, а кои сега ќе бидат бесплатни и достапни преку прелистувач. Четвртата апликација е OneNote, апликација за фаќање текстуални, видео и аудио забелешки.

Иако ќе ги намали продажбите на Office пакетот, сепак веб базираните апликации на Microsoft ќе ги привлече корисници на други слични онлајн апликации. Но бидејќи сме навикнати на Office и бидејќи софтверот е главниот бизнис на Microsoft, сигурно ќе понудат нешто повеќе од другите.

Вака ќе изгледа веб базираниот Word 10 на прелистувач.

{mosimage}

За да ја задржи продажбата на десктоп Office пакетот, на веб базираните апликации ќе им недостасуваат некои опции. Сепак ова е само бета верзијата на Office 10, така што може многу работи да се сменат додека се објави конечната верзија.



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии