Се уше не е јасно зошто служи оваа поле, и која е поентата бидејќи Facebook е познат по форсирање на алатки и опции кои ги зближуваат и поврзуваат луѓето, споделувајќи информации од други, додека „приказни за паметење“ е само за вас.

Можеби Facebook се обидува да ги испровоцира, инспирира или едуцира луѓето да споделуваат поинтересни статуси, доколку се истакнуваат статуси на кои е најмногу кликнато Like или е коментирано.

Од друга страна, неодамна, кога по грешка се појавија неколку нови опции на Facebook, се прикажа опција за Memories, која прикажува колку постови, фотографии и друга содржина се има споделено на Facebook од моментот кога корисникот се регистрирал. Можеби овие „приказни за паметење“ се тестираат како дел од таа опција.

Во меѓувреме, постои апликација за зачувување на Facebook моментите. Memonic е додаток за Mozilla Firefox прелистувач, кој откако ќе се инсталира и рестартира прелистувачот, додава копче Save до секој Facebook статус, линк или слика.

Доколку сакате да зачувате нешто oд Facebook, пример, некој интересен статус без да мора да го пребарувате во купот информации, кликате на Save и тој статус автоматски ви се додава на вашиот Memonic профил. Само со инсталирање на Memonic добивате место за 10 линкови, а доколку се регистрирате на сервисот добивате место за зачувување на 100 нешта. За повеќе се плаќа.

3 коментари на “Вашите Facebook спомени

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии