Вашите деца може да читаат над 1000 е-книги со FarFaria

Мартин Јованчевски

во Веб, Софтвер

Во случај да вашите деца веќе го владеат англискиот јазик и сакате да им пружите одлични можности за понатамошна надградба, запознајте ги со апликацијата FarFaria.

Со FarFaria вашите деца можат да читаат над 1000 електронски книги, но никој нема да знае доколку и вие ги читате; некои од нив знаат да бидат исклучително забавни, особено кога се имплементира невообичаена игра на зборови. Како дополнителен бонус, книгите кои се наоѓаат во апликацијата се исклучително корисни за успивање на вашите сакани. Можете да им дозволите тие да ги читаат или пак вие да ги засукате ракавите и да поминете квалитетно време така што ќе запознаете децата со принцезата и грашокот, магичното огледало, или пак со огромното морско чудовиште.

Сите книги се подредуваат според тежината при читањето и комплексноста на зборовите така да, точно знаете дали за кое ниво да одберете книга за вашето дете. Во случај да вие не можете да ја читате книгата, вашето дете може да одбере книгата да биде читана од професионални лица, со дигитално истакнување на секој збор што во моментот се изговара. Книгите можете да ги сочувате и да ги читате кога сакате и како сакате, а на крајот од секоја недела, библиотеката се збогатува со уште една нова книга.

FarFaria е достапна за iOS, и Android.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии