Вашето име може да стои во музејот на Никола Тесла, донирајте!

Метју Инман од Oatmeal не престанува со кампањата за изградба на музејот на Никола Тесла. По успехот да се откупи земјуштето за музејот, за кое г. Инман успеа да собере 850.000 долари од Интернетот, и уште еден милион долари од директорот на Tesla Motors, Илон Маск, сега се стартува кампања за градење на музејот за култниот пронаоѓач/

Новата Indiegogo кампања е навистина интересна бидејќи за донирани 125 долари, донаторите ќе добијат сопствена цигла во музејот, со 3 линии текст секој од нив со 20 карактери. За 250 долари донаторите ќе добијат двојно поголема цигла со 5 реда текст, а за 350 на истата цигла може да го ставите логото на компанијата. Кампањата овозмоужва и збир од 4х4 цигли кои заедно би опфатиле простор од 40х40 сантиметри. За најголемиот донатор е предвидена награда од 1 милион долари, односно цел ѕид бронзена статуа или било што. Доколку 125 долари се премногу проектот можете да го потпомогнете со „купување“ маица за 24 долари.

Првите донатори ќе ги добијат најдобрите места на ѕидовите, а како поминува времето ќе бидат достапни позиции на понепрегледни места. Проектот веќе собра доволно подржувачи- дури 1.836 луѓе кои сакаат да ја видат својта порака на ѕидот, но поважно сакаат да го видат музејот. Собрани се над 300.000 долари, а остануваат уште 41 ден пред затворање на краудфандинг кампањата. Средствата од оваа кампања се наменети за реконструкција на кровот на музејот.

[youtube]E5KDTw_OQ1Y[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии