Спонзориран текст

Vapour Apps – приватен oблак за компании?

Спонзорирано од Vapour Apps

во Вести, Спонзорирани

Текстот е промотивен текст порачан од Vapour Apps.


VapourApps претставува лесен за користење приватен cloud со вградени апликации, за мали, средни и големи компании, кои сакаат флексибилна контрола на нивната IT инфраструктура.

Што тоа всушност значи?

Кога некоја фирма ќе достигне одредена големина или обем на работа, најчесто ѝ се потребни неколку системи, како систем за автентикација на вработените (познат уште како ActiveDirectory), систем за споделување на фајлови и документи, систем за бекап, систем за рестрикција на веб содржини, систем за оддалечен пристап. Покрај тоа, на фирмата речиси сигурно ѝ е потребна платформа за да скалира и да може да подига брзо и едноставно виртуелни сервери, за дополнителни апликации.

За да некоја фирма ги имплементира сите тие системи, најчесто ѝ е се потребни неколку експерти, неколку денови и дополнителни лиценци. Потребна е и одлука кои системи ќе бидат поставени во канцелариите на компанијата, кои ќе се користат како SaaS или во cloud. Потребно е и да се направи план каков хардвер ќе се користи или ре-искористи. Сѐ на сѐ, обично ова е процес кој што обично трае подолго.

Тоа што VapourApps се стреми да го постигне е една инсталација, минимална интеракција со корисникот и инстантно подигање на готови апликациии, поврзани меѓу себе и подготвени за користење. Корисникот или компанијата добива платформа за виртуелизација, базирана на OpenStack, out-of-the-box апликации и сето тоа без дополнителни лиценци. Сѐ што корисникот треба да направи е да внесе име на домен и по завршената инсталација добива веб конзола, платформа и подигнати и исконфигурирани виртуелни сервери.

vapour-dashboard

VapourApps може да се инсталира на еден или повеќе сопствени сервери, а може и да се постави во некој IaaS провајдер или во некој надворешен хостинг центар.

vapour-graph2

Од аспект на технологија, VapourApps е базиран на Ubuntu сервери на кои што се инсталира OpenStack. Се користи сопствена, прилагоден верзија на OpenStack со сопствен и прилагоден веб-интерфејс за конфигурација и управување со виртуелните сервери. Предност со VapourApps е што преку иста конзола може да се подигаат виртуелни сервери, да се управува со корисници и групи во  ActiveDirectory, да се следи состојбата со вашите бекап фолдери. За провизионирање и конфигурирање на виртуелните сервери се користи SaltStack. Сите виртуелни севери или апликации кои се дел од VapourApps AppSuite-от, се базирани на Debian GNU/Linux сервери и комплетно OpenSource.

Во моментот поддржани и вградени апликации се:

  • ActiveDirectory, систем базиран на Samba4;
  • Monitoring, систем кој поврзува Icinga2 и неколку допонителни custom модули;
  • Backup, сервис базиран на Backuppc, комплетно интегриран во OpenStack дешбордот;
  • Storage, OwnCloud, преку кој што компаниите добиваат можност да имаат сопствен Dropbox;
  • VPN, можност за поврзување на повеќе локации меѓу себе или надворешен пристап од лаптоп/десктоп/мобилен телефон;
  • E-Mail, можност за сопствен сервер за е-пошта, слично на Microsoft Exchange;
  • Proxy, систем наменет за ограничување на страниците кои можат да ги сурфаат вработените;
  • Redmine, систем за водење на проекти и активности, надограден со повеќе сопствено развиени модули и плагини.

Целта на VapourApps е да стане стандард за приватен клауд во светски рамки. Главната поента е да се им се понуди на 80% од средните компании, 80% од системите кои им се потребни – инстантно и со слобода да изберат каде ќе бидат поставени.

vapour-graphs

Наскоро се очекува да има и мобилна апликација, со што би требало на систем администраторите дополнително да им се олесни работата. На пример, за администрација на ActiveDirectory, корисниците на VapourApps нема да има потреба да вклучуваат комплексни конзоли или да се поврзуваат на RemoteDesktop – туку ќе може да се направи од обичен Android smartphone.

Во VapourApps веруваат во OpenSource концептот, бидејќи на тој начин им се дава вистинска слобода на компаниите.

„Нашите клиенти добиваат отворени системи, кои што слободно потоа може да ги превземе, одржува и надградува и друга компанија. На крајот на краиштата, сакаме да ги задржиме нашите клиенти заради услугата која што ја добиваат, а не заради зависноста и товарот од тоа што го купиле.“

Што се однесува на продажбата и моменталните клиенти, во моментот се сѐ уште во затворено BETA тестирање, но со веќе активни клиенти. Целта им е што побрзо да излезат на европските пазари.

„Во B2B светот, од наше досегашно искуство, најдобро се доаѓа до потенцијални клиенти преку партнери кои што веќе имаат комуникација и бизнис релации со голем број на клиенти. Иако не сме многу активни на план на промоција изминатиов период, најголемата наша продажна енергија ја фокусираме на градење на соработки и партнерства со сервис провајдери и систем-интеграторски компании, кои што многу лесно можат своето постоечко портфолио на услуги да го надополнат со апликациите кои може да ги понуди VapourApps, out-of-the-box.“

VapourApps беше дел од StartUp акселераторската програма на SuperFounders, при крајот на 2014 година, кога е и основана компанијата. Проектот доби и финансирање на „Фондот за иновации и технолошки развој“, во првиот конкурс, во јуни 2015 година.

vapour-apps-logo

Овој текст е платен ПР текст од страна на Vapour Apps. IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку и вие сте заинтересирани за објавување на промотивен текст за вашата компанија или производ, кликнете тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии