Вања Јосифовски на VentureBeat Transform 2018 зборува за предизвиците на вештачката интелигенција

Вања Јосифовски, Директор на технологија во Pinterest, на годинешниот VentureBeat Transform 2018 говореше за предизвиците на вештачката интелигенција.

Говорот на поранешниот корчагинец беше фокусиран на сегашните и идните предизвици на технологијата. Секако најголем дел од говорот беше поврзан со предизвиците кои ги има Pinterest. Pinterest е своевидна друштвена платформа за споделување на различни слики и содржини, а ја користат вештачката интелигенција во сите делови на компанијата.

„Не се гледаме како енџин за друштвено поврзување. Нема дел од компанијата во кој не користиме вештачка интелигенција“.

Еден од најголемите успеси е алатката Lens. Lens може да препознае и разликува различни објекти во пиновите. Потоа алатката препорачува слични производи во сликите.

„Навистина сме биг дата компанија – скалирањето е неверојатно. Секој пин има слика и текст, луѓетo ги курираат овие содржини и овие објави претставуваат рафинирање на вкусовите на луѓето. Имаме три милијарди описи на работи кои луѓeто ги сакаат заедно“, вели г. Јосифовски.

Што се однесува на приватноста и чувањето на податоците на корисниците, г. Јосифовски смета дека техничкото решение не е пресудно. Најпрво компанијата мора да има јасна политика што сака и што не сака да прави со податоците на корисниците.

Конечно г. Јосифовски смета дека во иднина сите ќе имаме вештачка интелигенција во своите раце.

„Вештачката интелигенција ќе биде достапна во сечија рака. Може да сте сопственик на малечка продавница и да ја користите. Можете да ја соберете онлајн. Демократизацијата на вештачката интелигенција ќе биде значаен фактор за развој на било што“.