Valve започна со бета тестирањето на Steam за Linux

Valve сега започнува со првиот затворен бета тест на Steam за Linux, oткако претходно најави поддршка за видео игри за овој оперативниот систем,. За почеток Valve бара искусни Linux корисници кој ќе го тестираат Linux изданието на нивната продавница.

Првиот бета тест ќе биде ограничен на 1.000 тестери кои треба да го тестираат Steam и подршката за Ubuntu 12.04, покрај ова тестот ќе опфати и само една игра. Целта на тестот е да се провери работата на играта на голем број хардверски конфигурации.

Прва игра која е најавена за Linux е оптимизираната  Left 4 Dead 2. Valve најави дека играта работи подобро на Linux отколку на Windows 7. OpenGL и  Linux kernel успејаа да „извадат“ 315 FPS, додека на Windows 7 и Direct3D, Left 4 Dead 2 работеи со 270,6 FPS.

Ова е огромен чекор напред за PC гејмингот кој по излегувањето на PlayStation 3 и X-box 360 се соочи со наслови кои ексклузивно се издаваат за конзоли, а некои гејминг студиjа имаат и договори за соработка со Sony, односно Microsoft. Valve е еден од ретките промотори на играњето на десктоп и со поддршката за достапност на игри за Linux повторно го докажуваат тоа. Веста е добредојдена и за гејминг студијата кои сакаат PC-то да остане отворена платформа , и кои не се согласуваат со Microsoft и нивната политика за Windows 8 игрите.

3 коментари на “Valve започна со бета тестирањето на Steam за Linux

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии