Valve во фокусот на Европската Унија

Европската Унија го насочи своето внимание кон Valve. Најголемата дигитална продавница за видеоигри е цел на разгледување поради гео-блокада на некои од игрите. Ова не е во согласност со законите за единствен дигитален пазар, па затоа Унијата ќе истражува.

Гео-блокирањето на насловите е во спротивност со правилата на Европската Унија. Поради ова Комисијата против монопол, ќе ја разгледа работата на Valve.

Valve не е единствена компанија под истрага: Bandai Namco; Capcom; Focus Home; Koch Media и ZeniMax, се под лупа заедно со нив. По завршувањето на истрагата, комисијата ќе одлучи дали ограничувањето на пристап и формирањето на цена по локација е дозволиво.

„Истрагата се фокусира на тоа дали за спогодбата е потребно клучевите за активација да се користат за да се дозволи пристап до некоја игра само во определена членка на Европската Унија. Ова може да биде прекршување на правилата за конкурентност на пазарот на Европската Унија, со намалување на прекуграничната конкуренција, што би овозможило паралелно тргување на единствениот пазар. Со тоа би им било оневозможено на потрошувачите да купат поевтини видеоигри кои можеби се достапни во останатите земји членки.“, објасуваат од Европската Унија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии