Valve се предомисли; Steam контролерот ќе нема тачпад, туку физички копчиња

Тачпадот ќе биде отстранет од новиот контролер на Valve, и наместо него ќе се оди на постандардните физички копчиња, јавува Verge. Екранот на допир ќе биде отстранет бидејќи се повторува со останатите делови од контролите, а и не им помага на играчите. Наместо ова на средина на контролерот ќе има нова контрола која Valve ја нарекува „ghost mode“, јавуваат повеќе присутни девелопери на Steam Dev Days.


Ghost mode опцијата ќе овозможува корисниците да одбираат, да стартуваат и да кликаат по виртуелните копчиња на телевизорот или мониторот. Наместо тачпадот ќе дојдат и 4 копчиња кои ќе бидат корисни за компатибилност со постарите контролери.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии