Valve ја прекинаа поддршката за SteamVR на macOS

Не е никаква тајна дека macOS е далеку од најпожелниот оперативен систем за гејминг, но сеуште има игри кои функционираат. Во 2017, Valve најави дека нивната платформа за виртуелна реалност, SteamVR, ќе работи со macOS. Истата доаѓаше со поддршка за надворшни графички картички преку Thunderbolt 3. Иако можеби и Valve и Apple се надеваа дека со ваков потег ќе привлечат повеќе девелопери, истото не помина баш најуспешно.

Како последица на ова, од пред неколку дена, Valve потполно ја прекинаа поддршката за SteamVR на macOS. Во изјавата велат дека тимот ќе се посвети на Windows и Linux, но дека постари верзии од SteamVR за macOS ќе останат достапни за оние кои сакаат да си поиграат со VR искуства на Apple хардвер.

Иако ваквата одлука не е баш најубава за оние кои ја користеа платформата, истата е и далеку од неочекувана. Новиот хардвер на Valve за виртуелна реалност, Valve Index, воопшто нема поддршка за macOS, а и Apple ги тргнаа сите фотографии кои содржеа хардвер за виртуелна реалност од својот сајт.

Единствената позитивна работа во моментов, но далеку од сигурна, се шпекулациите дека Apple работи на свој хардвер за виртуелна и аугментирана реалност. Доколку ова се оствари, Apple сепак би можеле да останат играч во индустријата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии