Valve и Xi3 преставиja своја гејминг конзола за Steam

Valve и Xi3 на CES 2013 претстави своја конзола преку која ќе може да се играат видео игри од Steam. Kонзолата, наречена Piston, е доволно мала за да се носи во раката, што ќе им обезбеди на гејмерите да пристапат до сите свои игри кои ги имаат купено на Steam, но наместо на PC или лаптоп, ќе можат да ги играат на големите телевизиски екрани.

Ако се спореди со X7a компјутерите, според кои е моделиран Piston, тогаш може да се очекува конзолата да има 3,2 GHz процесор со четири јадра, интегрирана графичка картичка и до 8 GB DDR3 RAM. Покрај џековите за аудио, конзолата ќе има по четири USB 3.0 и USB 2.0 портови, два Mini Display портови и еден HDMI порт. Според Xi3, Piston е има 1 терабајт простор за да се складираат игрите. Нема официјална цена, иако некои ИТ блогови велат дека може да биде околу 1.000 долари.

[youtube]r-ox90oXq8c[/youtube]

2 коментари на “Valve и Xi3 преставиja своја гејминг конзола за Steam

  1. Сепак PC си е PC… Сега скоро на се’ нагло падна цената (од компоненти до периферни уреди) па така да за тие пари можам да си напавам супер конфигурација со поголем монитор

  2. Ова не би требало да е единствениот "Steam Box". Ова е само еден дел од групата на хардвер која Valve ја порачаа за годинашниов CES. Новата конзола на NVidia е исто така дел од стимбокс пакетот. Очигледно е дека Гејб сака да го донесе "Steam" во дневната соба ама не верувам дека тоа ќе успее да го направи со парче хардвер кое вреди повеќе од 3 компјутери кои би имале подобри перформанси од ова.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии