Valve гo купи Campo Santo, студиото зад Firewatch

Image courtesy of Campo Santo

Студиото коe направи една од најдобите видеоигри во 2016 година, Firewatch, сега е дел од Valve. Студиото Campo Santo ја потврди веста на својот блог.

Она што најверојатно е најважно е дека нема промени, и според најавите Valve нема да има влијание врз работата на студиото.  Секако Campo Santo ќе биде под Valve. Она што најверојатно е најинтересно за корисниците сега е дека нема да има промени во играта на која работи студиото.

„Имавме серија долги разговори со луѓето од Valve и сите бевме задоволни што ќе рабоиме со луѓе чии талент фо надминува нашиот за да направи работи за кои сметавме дека се невозможни. Двете страни зборуваа за своите вредности и за тоа дека на крај сите сме луѓе, ограничени со времето за правење на работи кои ги сакаме и во кои веруваме. Нè прашаа дали сакаме да одиме во Белви (Bellevue) и да го правиме ова таму, а ние потврдивме“.

Campo Santo работи на својата нова видеоигра „In the Valley of Gods“. Играта како и претходната ќе биде достапна на сите платформи, а играчите овој пат ќе ја истражуваат пустината во Египет.

За Valve ова ќе биде можност по подолг период да се врати на развивањето на сопствени видеоигри. Компанијата започна како развивач, но одамна немаат издадено сопствена игра.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии