Valve ги објави партнерите, цените и спецификациите на Steam Machines

Речиси еден месец откако започнаа да ги испраќаат тест конзолите Valve го објави списокот на партнери и спецификациите за Steam Machine. Минималната цена на конзолите е 500 долари, а сите имаат најмалку 8 GB RAM. Покрај Intel процесорите на конзолите ќе доаѓаат и од AMD, а производители на графички картички за Steam Machines се Intel, Nvidia и AMD.

„Првата генерација на Steam Machines нуди по нешто за секој гејмер, ова е клучен дел од проширувањето на Steam во дневната соба. Со над 3000 игри и 65 милиони гејмери на Steam, важное на сите да им се понудат различни конзоли за да ги одберат тие кои најмногу им одговараат“, вели ко-основачот на Valve, Гејб Њувел.

  • ALIENWARE, Засега непозната цена и спецификации;
  • ALTERNATE, 1339 долари за Intel Core i5-4570, 16 GB RAM, Gigabyte GTX 760, 1 TB SSHD;
  • CYBERPOWERPC, 499 долари, AMD/Intel Core i5 процесор, 8 GB RAM, AMD Radeon R9 270 / NVIDIA GTX 760, 500 GB;
  • DIGITAL STORM – BOLT II, 2.584 долари за Intel Core i7-4770K, 16 GB RAM, GTX 780 Ti, 1 TB HDD + 120 GB SSDч
  • GIGABYTE – BRIX PRO, нема цена, Intel Core i7-4770R, 2 x 4 GB RAM, Intel Iris Pro 5200, 1 TB SATA 6 Gb/s;
  • FALCON NORTHWEST – TIKI, 1.799 до 6.000 долари за процесор по избор, 8-16 GB RAM и Nvidia GeForce GTX TITAN, до 6 TB диск;
  • iBUYPOWER, од 499 долари нагоре за Quad Core AMD или Intel, 8 GB RAM, Radeon GCN и 500 GB диск;
  • MATERIAL.NET, 1.098 долари за Intel Core i5-4440, 8 GB RAM, MSI GeForce GTX 760 OC и 1 TB SSHD;
  • ORIGIN PC – CHRONOS, нема цена, Intel Core i7 4770K (3.9 – 4.6 GHz), 2 x 6 GB Nvidia GeForce GTX TITAN’s;
  • NEXT SPA, нема цена, Intel Core i5, 8 GB RAM, Nvidia GT 760 и 1 TB диск;
  • SCAN – NC10, 1.090 долари за Intel Core i3-4000M, 8 GB RAM, Nvidia GeForce GTX 765M за 500 GB;
  • WEBHALLEN, 1.499 долари за Intel Core i7-4771, 16 GB RAM, Nvidia GTX 780 и 1 TB SSHD;
  • ZOTAC, 599 долари за непознати компоненти

[youtube]1ZA9RsDVDu4[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии