Valve ги најави бета верзиите на Steam Machines конзолите

Виктор Дано

во Хардвер

Valve покани бета тестери кој ќе ги испробаат 300-те прототипови од Steam Machines, нова конзола која ќе се појави на пазарот во 2014-та година. Ова е втора објава од Valva деновиве откако беше претставен Steam ОС. Конзолата е оптимизирана за оперативниот систем преку кој ќе може да се пристапи до продавницата на Valve, но и да се играат игри на телевизор.

Valve не откри повеќе детали за конзолата, освен дека „ветуваме дека ќе ви кажеме повеќе наскоро“, но вели дека тестерите ќе можат да си играат со конзолата, да ја хакнуваат и модифицираат. Steam Machines ќе имаат различни спецификации, што може да значи дека Valve ќе објави неколку различни верзии по неколку различни цени.

По Steam ОС, Steam Machines, утре се очекува уште една голема најава од Valve. Шпекулациите се дека се работи за гејминг контролер кој ќе го доврши триото, односно ќе го комплетира новиот „универзум“ на Valve.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии